Бранителот на трофејот Работнички и новиот шампион Македонија ЃП, ќе се судрат во финалето од најмасовното клупско натпреварување кај нас – националниот куп.
Екипите по еднаш го освоиле овој пехар и тоа “железничарите“ во 2008 година, додека “лавовите“ во 2006 година. Македонија ќе ја нападне двојната круна , додека Работнички можноста втор пат во две години да се закитат со куп трофејот.
Двата тима најавуваат беспоштедна борба за трофејот, а финалниот натпреварот кој поради реконсктрукција на „Градски“ за прв пат нема да се игра под рефлектори.
Стартот е закажан за 16.30, а главен судија е скопјанецот Димитар Мечкароски. Негови помошници се Кирил Негриески од Струга и Горан Кипријановски од Куманово. Четврти судија е Владимир Кипријановски од Скопје, додека контролор е Пане Иванов од Кавадарци, а делегат Лазар Нанев .
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com