Пандемијата на коронавирусот ги прекина сите тениски и спортски активности на неодреден период. Паузата им даде искучителна можност на тенисерите да бидат со своите фамилии на подолг период, како никогаш претходно. Еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ е аткивен на социјалните мрежи во паузата и низ разни интервјуа открива како ја поминува паузата.
Јас и семејството се наоѓаме во Шпанија. Не можеме на плажа, ниту на сурфање а сакаме. Но не се жалиме бидејќи ситуацијата во светот е многу аларматна. Шеста недела сме во тотална 24 часовна изолација. За тенисер и живот каков што водиме, чудно е што толку долго сум дома без обврски околу спортот. Ова го немам доживеано повеќе од 15 години. – изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во улога на татко ги презел сите физички активности додека за другото задолжена е сопругата, Јелена.
Кога се однесува за родителските улоги, јас ги презедов физички активности и играњето во текот на денот. Ги учам на разни начини и спортови. Се чувствувам многу смирено кога децата се со мене. Сите други улоги ги преземе Јелена, која е одлично се снаоѓа. Јас се уште учам да бидам родител и сопруг, со оглед на моето често отсуство од мојот дом. – додаде Ѓоковиќ.
Паузата во тенисот ќе трае најмалку до јули месец.
OhridNews