Ова мое размислување се покажа точно на натпреварот во средата кога Охрид без игра но со многу среќа успеа да победи. Составот беше десеткуван, играа младите кои немаат натпревари во нозете и нормално беше да не можат да го совладаат просечниот противник. Но, се покажа и тоа дека некои од младите играчи веќе созреале и се однесуваат и реагираат како прави професионалци.
Тука посебно би го истанкал младиот Илоски Дарко кој со своите 18 години одлично ја одигра улогата на стопер. Момчето имаше повеќе од 10 интервенции пред својот гол и во ни еден момент не му дозволи на противникот да го загрози голот. Оние ситни фаули на 30 метри од голот посебно ми се допаднаа, а тоа покажува дека момчето мисли со главата и има осет кога да пресече, да ја запре акцијата на противникот. Ако имаше повеќе натпревари во нозете сега ќе зборувавме за незаменлив стопер во екипата но и тоа дека ќе го најдеше своето место во репрезентацијата до 19 години.
На крајот, иако порано, честитки за влегувањето во првата лига.
изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и редакцијата на
OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.