Охриѓани и нивните гости овој продолжен викенд ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Празничната забава стартува вечерва во 22 часот во клубот „Cuba Libre Beach&Bar “ каде што настапува познатиот музички изведувач Ѓоко Танески.

Добра забава најавуваат и од „Kadmo Bar“ каде вечерва настапува кубанското трио Cubano Soy, а ќе има и презентација на коктелот „Mojito“ по промотивна цена. Забавата започува во 22 часот.

Во сабота на 24-ти октомври со почеток во 22 часот во „Cuba Libre Beach&Bar“ настапува извонредниот бенд „Shine“.

Во недела на 25-ти октомври во клубот „JAZZ INN“ со почеток во 21 часот ќе има репризно издание на стендап вечерта „ЦРН ХУМОР“ во изведба на Никола Тодороски и Маријан Ѓорѓиевски. Билетите може да се набават на продажното место на „ЗЗ ТОП“.

За детали за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews