Охриѓани и туристите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.
Вечерва и утревечер во „Cuba Libre beach & bar“ ќе има латино забава со професионални латино танчерки. Старт во 22 часот.
Вечерва на плажата „Акапулко“ настапува еден од најпознатите диџеи во Македонија, кралот на латино музиката Dj TUBE од „Promotiva Group“. Неговите сетови ја вжештиле атмосферата во сите поголеми клубови низ државава, а пред еден месец тој беше warmup диџеј на концертот на „CLAYDEE“ познат по големиот хит „Mamacita Buena“.
Незаборавна петочна забава ветуваат и од кабаре клубот „Еспана“, каде гостува групата „Бумбари бенд“. Оваа група ќе настапува во клубот секоја вечер во текот на летниот период. Забавите започнуваат во 22 часот.
Во недела со почеток во 22 часот гостите во „Cuba Libre beach & bar“ ќе ги забавува Ѓоко Танески и неговиот бенд.
Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во староградска музика и вкусни специјалитети во петок и сабота со почеток во 20 часот ќе може да бидат дел од атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.
Во интернационалниот ресторан „Опера“ на Кеј „Македонија“ oвој петок и сабота гостите ќе може да уживаат во македонска староградска музика со групата „Охридски Бранови“. Сето тоа ќе биде надополнето со прекрасен амбиент, ексклузивен избор на храна и пијалаци и одлична услуга.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews