Охриѓани и туристите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Вечерва и утревечер во „Cuba Libre beach & bar“ ќе има латино забава со професионални латино танчерки и танчери. Старт во 22 часот.

Незаборавна петочна забава ветуваат и од кабаре клубот „Еспана“, каде настапува групата „Бумбари бенд“ заедно со Пантелија.Старт во 22 часот.

Во интернационалниот ресторан „Опера“ на Кеј „Македонија“ oвој петок и сабота гостите ќе може да уживаат во македонска староградска музика. Сето тоа ќе биде надополнето со прекрасен амбиент, ексклузивен избор на храна и пијалаци и одлична услуга.

Во сабота, 9-ти јули, во дискотека „Парк“ настапува познатиот американски диџеј LATIN PRINCE.Почеток 00 часот.

Во недела со почеток во 22 часот гостите во „Cuba Libre beach & bar“ ќе ги забавува Ѓоко Танески и неговиот бенд.

Охриѓани и туристите кои се љубители на староградска музика и вкусни специјалитети во сабота со почеток во 21 часот ќе може да бидат дел од атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews