Охриѓани и туристите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.

Вечерва во дискотеката „Парк“ ќе има забава со DJ LOCO BABY. Утревечeр за диско забавата ќе биде задолжен DJ GEC (Commercial Night), а во недела на 17-ти јули гостите ќе ги може да уживаат во настапот на DJ FACE. Старт во 23:59 часот.

Незаборавна петочна забава ветуваат и од кабаре клубот „Еспана“, каде настапува Ален Хасановиќ. Забавата почнува во 22 часот.

Во интернационалниот ресторан „Опера“ на Кеј „Македонија“ oвој петок и сабота гостите ќе може да уживаат во македонска староградска музика. Сето тоа ќе биде надополнето со прекрасен амбиент, ексклузивен избор на храна и пијалаци и одлична услуга.

Охриѓани и туристите кои се љубители на староградска музика и вкусни специјалитети во сабота со почеток во 21 часот ќе може да бидат дел од атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews