Охриѓани и гостите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во живи свирки и диџеј забави во охридските кафетерии и ноќни клубови.

Петок, 07.10.2016, во „Cuba Libre Beach&Bar“ настапува бендот „Shine“ на извонредниот гитарист Дамјан Пејчиноски.

Почетокот на забавата е во 22.00 часот.

Клуб Еспана есенва со ново работно време само во викендите. Секој петок и сабота турбо фолк журки и забава од 22 до 05 часот.
 

Во петок, 07.10. и сабота 08.10.2016 староградска музика во најурбаното мезачко катче во Охрид. Уживајте во најголемиот избор на мезиња, вина и ракии и музиката на Ансамбл „Биљана јуниор” во „Мезе бар 10“.

Почеток на забавата 21.00.

Резервации на 070-391-492 или 078-207-701.

Оваа сабота, 8-ми октомври, во „Cuba Libre beach & bar“ е резервирана за евергрин уживање со безвременските музички хитови во изведба на Емилија Маринова – пиано и вокал, Горан Папаз – саксофон и Филип Стојковски Зизи – тапани и нивниот извонреден проект „Smile Dance Love“.

Забавата започнува во 22 часот. 

И овој викенд  во лаунџ бар „Влахов 52“ уживајте во забавата со врвни специјалитети, мезиња и пијалаци по најприфатливи цени во градот.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews