Работната недела завршува, започнува викендот полн со забави во Охрид.

Најдобриот стендап комичар во земјава Никола Тодороски, вечерва, настапува во Џез ин, со материјал од најновата стендап револуција.

Исто така вечерва, Петар Маркоски настапува во лаунџ бар „Кадмо“. Утревечер на истата локација настапува бендот „Канео“ кој изведува староградска музика.

Во сабота, 7-ми март во Cuba Libre beach & bar настапува познатиот поп изведувач Ѓоко Танески. Истата вечер во Шила настапува бендот „BETTY’S BOOBS“.

За празникот на жената, 8-ми Март, во Cuba Libre beach & bar, во недела, настапуваaт The quartet feat.Goran Papaz.

За детали за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои секојдневно се случуваат во градот може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews