Охриѓани и гостите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во живи свирки и забави во охридските кафетерии и клубови.

Вечерва (петок) 4-ти ноември, ново музичко уживање со Ѓоко Танески и неговиот бенд во „Куба Либре“.

Забавата почнува во 22 часот. 

Во подновен амбиент лаунџ барот „Влахов 52“ најавува многу изненадувања, одбрана програма и богата понуда оваа есен и зима. Овој петок, 4-ти ноември, во „Влахов 52“ уживајте со звуците на староградската музика и групата „Александрија“, со вкусно мезе и голем избор на вино и ракија.

Забавата започнува во 22 часот.

Петок, 04.11. 2016, и сабота 05.11.2016, вечер на староградска музика во најурбаното мезачко катче во Охрид. Уживајте во најголемиот избор на мезиња, вина и ракии и музиката на Ансамбл „Биљана јуниор” во „Мезе бар 10“.

Почеток на забавата 21.00.

Резервации на 070-391-492 или 078-207-701.

Петок, 04.11 и сабота 05.11.2016 во клуб Eспана настапуваат Кисми и Јуле.

Почеток 22.00ч.

Инфо и резервации:070-261-273.

Во сабота, 5-ти ноември, во Куба либре настапува музичкиот состав The Quartet.

Квартетот го сочинуваат: Емилија Маринова – пиано/вокал, Филип Стојковски Зизи – тапани, Мартин Милески – гитара, Хендрик Цингер – бас гитара.

Забавата започнува во 22 часот.

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за настаните кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews