Љубителите на добрата забава викендов ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.
Вечерва „Cuba Libre beach & bar“ е резервиран за уживање со музичкиот проект „Smile Dance Love“ и безвременските хитови. Настапуваат Емилија Маринова – пиано и вокал, Горан Папаз – саксофон и Филип Стојковски Зизи – тапани, со нивниот извонреден проект. Забавата започнува во 22 часот.
Во сабота на 27-ми февруари, во Lounge bar & boutique hotel „Mister I“ ќе има незаборавна забава со настап на провокативната Dj Milana. Старт во 22 часот.
Охриѓани и туристите кои сакаат да уживаат во акустична музика и вкусни специјалитети во петок и сабота со почеток во 20 часот ќе може да уживаат во атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.
Забави со староградска музика викендов ќе се организираат и во „Kadmo Lounge Bar“. Гостите ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови други пијалаци.
Проверена забава и овој винекд во Хавана Куба либре клуб.
Во петок, 26-ти февруари настапува диџеј Гец, а во сабота, 27-ми февруари диџеј Јуксел.
Забавата започнува во 23 часот.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews