Охриѓани и гостите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во живи свирки и забави во охридските кафетерии и клубови.
Петок, 2-ри декември, во Куба либре настапува музичкиот состав The Quartet.
Квартетот го сочинуваат: Емилија Маринова – пиано/вокал, Филип Стојковски Зизи – тапани, Мартин Милески – гитара, Хендрик Цингер – бас гитара.
Забавата започнува во 22 часот.
Во клуб Еспана, во петок и сабота, 2-ри и 3-ти декември, настапува „Бумбари бенд“.
Почеток: 22.00ч.
Информации и резервации: 070-261-273
Во петок 02.12. и сабота 03.12. забава со староградска музика во најурбаното мезачко катче во Охрид. Уживајте во најголемиот избор на мезиња, вина и ракии и музиката на Ансамбл „Билјана јуниор” во „Мезе бар 10“.
Почеток на забавата 21.00.
Резервации на 070-391-492 или 078-207-701.
Оваа сабота, 3-ти декември, музичко уживање со најдобрите рок нумери во лоунџ бар „Влахов 52“. Настапува бендот „High Voltage“, кој изведува кавери од најпознатите рок бендови.
„High Voltage“ го сочинуваат: Јован Чифлигароски – соло гитара; Јован Јованоски – ритам гитара, вокал; Стефан Трајановски – бас гитара и Јован Јовановски – тапани.
Забавата започнува во 21 часот.
Оваа сабота, 3-ти декември, релаксирачка вечер во MrI со “chill” музика. За забавата ќе се погрижат Анита Мицова, Даниел Јовески и Андреј Нически.
Забавата почнува во 22 часот.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за настаните кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews