Охриѓани и туристите кои овој викенд престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки и диџеј забави во охридските ноќни клубови.
Вечерва во клубот „Еспана“ гостува Сандра Џи. Забавата започнува во 22 часот. Резервации и информации на 070-261-273 / 071-570-452.
На плажата „Cuba Libre“ секој ден уживање во латино ритамот, а во недела, 26-ти јуни проверена забава со извонредниот Ѓоко Танески и неговиот бенд. Забавата започнува во 22 часот.
Охриѓани и гостите кои сакаат да уживаат во староградска музика и вкусни специјалитети вечерва со почеток во 20 часот ќе може да бидат дел од атмосферата на „Мезе бар 10“. За забавата ќе се погрижи групата „Билјана јуниор“.
Интернационалниот ресторан „Опера“ подготви специјално мени за вљубениците во фудбалот кои го следат Европското првенство. На специјалното мени се наоѓаат три оброци, а посетителите натпреварите ќе ги гледаат во пријатна и фудбалска атмосфера. Првото мени е четири пива Хајнекен плус половина килограм пилешки крилца за 450 денари. Второто мени е четири пива Скопско плус половина килограм пилешки крилца за 350 денари, а иста цена изнесува и на менито со четири пива Златен Даб со половина килограм пилешки крилца.
За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews