Во рамки на фестивалот „Охридско лето, Народен театар Охрид, вечерва, ќе ја изведе претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, и Стрезо Стаматовски.
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на репресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Претставата ќе биде одиграна во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
OhridNews