Нова, супер луксузна када произведена во Јапонија чини повеќе од 75 илјади евра. Најновиот производ на компанијата Инакс е када инспирирана од италијанскиот дизајн, а била изложена во Гинза, отмен кварт во Токио.


Со тркалезен облик, украсена со мозаик од златни плочки, кадата потсеќа на голема шолја за кафе. Претставниците на компанијата тврдат дека биле инспирирани од работата на славниот италијански архитект и дизајнер До Понтијо.