Кадата која била направена од чист бел кристал од Амазон во Бразил се продава за околу 600 илјади евра. Луксузната када е долга два метри и длабока половина метар. На саемот во Хародс ќе биде изложена до крајот на летото. Од парче од истиот кристал теко 10 тона била направена уште една иста таква када, која ја купил еден руски милијардер во 2008 година.


Камениот блок бил откриен во 2006 година и бил пренесен во Италија. Двете кади биле украсени со дијаманти, а прилично се неправилно обликувани за да се укаже на природната убавина на кристалот.