Собранието не и изгласа недоверба на Владата на Република Македонија на 48 седница, што според деловникот за работа на законодавниот дом, заврши точно на полноќ.

Од вкупно присутните 108 пратеници, за недоверба на Владата гласаа 43, а против беа 65 пратеници.

Интерпелацијата што ја поднесе пратеничката група на СДСМ,  беше прв тест на кабинетот на Никола Груевски, откако тој пред девет месеци застана на чело на Владата.

Г.М.