Кабелските оператори од наредниот месец веќе нема да смеат да емитуваат странска телевизиска програма без превод. Тие добија рок до 4-ти јануари да почнат со титлување на програмата на македонски јазик.

Кабелските оператори ќе треба да обезбедат коментари на македонски јазик кај спортските канали, за телевизиските програмски сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени, се вели во соопштението од СРД.

Во Македонија постојат повеќе дигитални кабелски оператори кои имаат обезбеден превод на македонски јазик за одредени канали, за разлика од локалните оператори, кои засега не емитуваат ниту дигитален сигнал, обврска која исто така согласно законот ќе треба да ја спроведат во иднина. Во потрага по квалитет се зголемува бројот на граѓани кои се решаваат да користат услуги на дигиталните кабелски оператори.

Ohridnews