Како што информираше Советот за радиодифузија, кабелските оператори треба да обезбедат и коментари на македонски јазик кај спортските канали, за телевизиските програмски сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени.
Локалните кабелски оператори засега не емитуваат странска телевизиска програма со македонски превод, за разлика од некои национални оператори кои веќе нудат дигитални пакети со обезбедени авторски права и соодветен превод на атрактивните телевизиски канали.