Жителите од заградите помеѓу полигонот за мали спортови и општината реагираат дека несовесни граѓани постојано го затрупуваат просторот околу контејнерите за смет со кабаст отпад. Наместо да го одложат на локации предвидени за тоа и во време кога јавното комунално претпријатие спроведува акција за собирање кабаст отпад, граѓаните непотребните работи од домовите ги оставаат покрај контејнерите. Оваа грда глетка на неасфалтираниот паркинг позади војната зграда кај полигончето веќе две недели им боде очи на граѓаните.


Кабастиот отпад се одлага непрописно

OhridNews