Кабаре шоуто „Two Mothers Brothers“ Vol 2. кое го изведуваат охридските актери Никола Тодоровски и Стрезо Стаматоски предновогодишно денеска ќе биде изведено во Џез Ин.


„Two Mothers Brothers“ на сцената се појавија пред точно три години, а нивното шоу во Џез Ин ќе има роденденски шмек, што дополнително ќе ги мотивира Тодоровски и Стаматовски.

Кабаре шоуто започнува во 21 часот, а Џез Ин вратите за гостите ги отвара еден час порано. Билетите чинат 200 денари.

OhridNews