Вечерва актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, заедно со Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас ќе го изведат урнебесното кабаре шоу „2 Mothers brothers“.

„2 Мothers Brothers“ е клупско вариете шоу каде што преку актерска игра, стенд ап, дуо скеч комедија, импровизација, сатира и музика, актерската екипа претставува авторски материјал.

Оригинална музика и силна сатира во 90 минутна приредба со кабаре призвук!, велат актерите.

Шоуто ќе биде изведено на малата сцена во Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Билети за шоуто се при крај и може да се резервираат на тел. број 075 283 066, по цена од 300 денари.

OhridNews