Поток од фекалии изминатиот викенд се слеваше од населбата Коњско во правец на езерото во близина на универзитетското одморалиште. Граѓани за проблемот ги известиле одговорните во државното јавно претпријатие „Колекторски системи“, кои утврдиле дека се работи за дефект на канализационата мрежа. Информирани се одговрните лица во ЈП „Нискоградба“ кои треба да го отстранат проблемот.

Во друг случај, пак, граѓани реагираат на несоодветна изведба на кружниот тек кај „Комерцијална банка“, бидејќи дел од шахтите завршиле под асфалтот.

Од Општина Охрид информираат дека стручните служби заедно со лица од ЈП Водовод и ЈП Нискоградба Охрид, извршиле увид и утврдиле дека се работи за една водоводна шахта, додека останатите шахти се видливи и фукционални.

Општина Охрид ќе пристапи кон подигнување и нивелирање на шахтата на коловозно ниво. – стои во дописот испратен до нашата редакција.

OhridNews