Случаен минувач денеска приjавил во СВР Охрид дека во атарот на село Рамне, охридско, забележал остатоци од човечки коски.

Од СВР Охрид не ја отфлаат таквата информација, но засега не потврдуваат дали навистина станува збор за човечки коски.

-Екипа на СВР Охрид изврши увид на местото на настанот. Постои сомневање дека можеби се работи за остатоци од човек. Анализите и истрагата треба да го потврдат тоа. – изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски

Повеќе информации за случајот полицијата најави за утре.

OhridNews