Кај нас купувањето диплома стана нормална појава, секојдневие а никој тоа не го казнува никој да го стави под прашање. Ова во емисијата „Напладне“  на OhridNews го изјави универзитетскиот професор Рубин Земон, осврнувајќи се на општествените прилики кои влијаат на депопулизацијата во земјата, потврдена со последниот Попис.

Кај нас нормално е со фалс диплома да се вработиш во адиминистрација додека приватниот сектор ни пропаѓа. И тоа е една од причините зошто младите заминуваат.Замислете некој што се труди, што учи завршува студии по сите тертипи на крајот останува невработен некој што си купил диплома ќе се вработи на убава позиција.И тука нормално се чувствува неправдата. И си велат луѓето. Подобро ќе си појдам Швајцарија, Германија, иако завршил за доктор стоматолог таму ќе биде техничар но и како таков ќе биде повеќе вреднуван. – рече проф. д-р Рубин Земон.

Рубин Земон за “Напладне” на Ohridnews: Кај нас купувањето диплома стана нормална појава

OhridNews