Жители на Речица се загрижени за хидролошката состојба на локалната река, на која е изградена мини хидроцентрала.

Тие велат дека реката е во добра кондиција пред централата, а после неа во дел од коритото нема вода. Таа минува низ систем од цевки изградени за потребите на централата и потоа се испушта повторно во речното корито. Вода нема само во дел од него, пред нејзиното зафаќање во цевките, до местото каде таа се враќа во коритото.

Жителите кои ни ги испратија овие фотографии велат дека корисникот на водата е обврзан да користи 60 % од капацитетите на реката за свои потреби, а остатокот треба да обезбеди биолошки минимум во реката, неопходен за живиот свет.

OhridNews