Во Охрид денеска се одржа 21-та Илинденска кајак-кану регата на мирна вода „Охрид 2021“.
Учесниците од Охрид, Дебар, Струга, Велес, Грција и Кипар се натпреваруваа во 15 трки во категории:пионери, јуниори, цицибани и кадети, а се одржа и една суп-меморијална трка посветена на Рифат Менсур.
Екипни победници на денешнат регата беа членовите на клубот „Дрим“ од Струга, второто место го освои клубот „Стрмец“ од Охрид, а на трето место се пласираше клубот „Larnaca“ од Кипар, 4-ти во екипни натпреварувања беа „Methan“ од Грција, а петтото место го освои „Aetos Thessal“ исто така од Грција. Главен судија на денешната регата беше Слободан Бујачиќ од Р. Србија.
Оваа регата е од особено значење за организаторот, клубот „Стрмец“ од Охрид, формиран 1947 година, кој годинава одбележува 80 години постоење.
Оваа регата ја посветуваме на членовите, бивши кајакари кои беа дел од клубот, а се починати. Од 1973 година клубот беше згаснат, односно не постоеше на мапата на спортови на град Охрид. Од 1996 па до денес клубот е под раководство на Управниот одбор на кајакарскиот клуб „Стрмец“ од Охрид“, истакна претседателотот и тренер на КК „Стрмец“, Радован Попоски.
Попоски порача дека наредната година очекува уште повеќе учесници на регатата што традиционално се одржув на Охридското Езеро.
Покровители на 21 Илинденска кану-кајакарска регата се градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, Агенцијата на спорт и млади и кајакарската федерација на мирни води.
К.А