Охрид доби место за врвна нега на миленици каде сопствениците ќе можат да ги препуштат своите миленици во рацете на вистински професионалци.

Во новоотворениот груминг салон „К-9 груминг“ лоциран на ул. „Димитар Влахов“ бр. 20А, кај старата автобуска, вашите миленичињата ќе добијат совршен третман преку квалитетна грижа за влакното и кожата, со козметика целосно на природна база.

Неизмерната љубов кон животните и грижата за нивната добросостојба, вели охриѓанецот Божидар Чифлигароски, како дел од тимот во салонот, го поттикнале да се бави со оваа професија. Како сопственик на кучиња кои што го поминуваат целиот свој живот до него, смета дека треба да им биде пружена соодветна нега и внимание, а грумингот е одличен начин да се осигурате, вели, дека вашите миленичиња се здрави и среќни.

Мора да се има голема љубов кон животните, исто како и трпение. Поттик за да се отвори салонот беа двете убавици кои ги имам дома за кои секогаш морав да одам до соседните градови за било каков вид на професионален груминг. Оттука се роди идејата, комбинирано со желбата за сопствен бизнис – така стигнавме до тука, потенцира Чифлигароски.

Салонот, додава, нуди услуги како капење, чешлање, сечење нокти и потстрижување и најважно од се е  отплеткување и исчешлување на крзното на одредени раси на кучиња кои што постојано го имаат проблемот со туткање на влакното кое подоцна води и до други здравствени проблеми.

Нашиот салон е опремен со врвна опрема која овозможува квалитетна грижа за влакното и кожата на вашите миленици. Нашата козметика е целосно на природна база за да се осигураме дека вашето милениче ќе добие врвен третман без никакви несакани странични ефекти. Сите оние заинтересирани за спецификации, може слободно да нѐ посетат во салонот или да ги заследат нашите профили на социјалните мрежи Facebook и Instagram, каде што јас и мојот колега Христијан Спиров тековно ќе објаснуваме што и зошто користиме во детали.

Сопствениците, истакнува, се клучен дел од нивната работа, бидејќи треба да бидат сигурни дека можат да им веруваат за своите миленици и целосно да се потпрат на нивната способност.

Сметам дека сме поразлични  затоа што посветуваме еднакво време и внимание на сопствениците, исто како и на милениците. Сите што не следат на социјалните мрежи, можат да воочат дека целиме да ги едуцираме на поинаков начин за грижата кон нивните миленици и важноста на оваа професија.

Работното време на груминг салонот за миленици К-9 е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и сабота од 08:00 до 14:00 часот.

Моја порака до сите сопственици на кучиња е секогаш да бидат отворени да прифатат туѓи мислења, нови техники на нега за нивните миленици, да се опуштат и да ни ја препуштат грижата на нас – K9 груминг, а ние ќе се погрижиме вашето милениче да е полно со самодоверба, вели Чифлигароски.

OhridNews/ PR