Младиот јужнокореец Song Ho-jun ги посветил изминатите неколку години во изработка на сателит кој го составил од делови набавени од продавница за електронска опрема. 

Ова е првиот сателит кој е целосно изграден од една индивидуа, а ќе биде лансиран во орбитата подоцна оваа година.
Song Ho-jun знањето кое е потребно за изградба на ваков уред го добил преку стажирање во фирма која изработува опрема за сателити, додека финансиите ги обезбедил со помош на неговите родители.
Крајниот продукт е мала кутија од 1 килограм која ќе праќа и прима информации во форма на Морзеова азбука, а ќе биде лансирана од Казакстан во декември оваа година.