67- годишна Јужнокорејка паднала по 771-ви пат на возачки испит, но не губи надеж дека еден ден ќе го положи.
Несреќната кандидатка Ча, се обидува да го положи писмениот дел на испитот речиси секој ден од 2005 година. Во понеделникот паднала по 771-ви пат.
„Таа го држи рекордот, се прашувам дали ќе положи на 772-ри пат“ – рекол претседателот на комисијата.
Жената по професија трговски патник, по секоја цена сака да вози автомобил поради работата.
Според пресметките на полицијата, за пријави за испит таа потрошила речиси 3.600 долари.