Една јужноафриканска телевизија по грешка објавила дека поранешниот американски претседател Џорџ Буш умрел, пренесува BBC.
На телевизијата ETV News, три секунди стоел текс „Почина Џорџ Буш“.
Грешката настанала кога техничарот по грешка го притиснал копчето што емитува во живо наместо копчето за тестирање, кога претпоставениот од него барал да му покаже како тоа изгледа.
„Техничарот притисна погрешно копче. За секунда таа реченица се појави на екраните и траеше само 3 секунди“ – рекол портпаролот на телевизијата.
Тој не сакал да одговори дали техничарот ќе биде казнет.