Јужна Кореја и САД ги започнаа најзначајните заеднички воени вежби на воздухопловните сили на двете војски, неколку дена откако Пјонгјанг тестираше нова ракета, јавува „Макфакс“.
Во вежбите се вклучени околу 230 авиони, како и десетина илјади војници, соопшти јужнокорејската војска. Дел од медиумите наведоа дека во вежбите учевствуваат и бомбардерите Б-1Б, но војската не ја потврди оваа информација. Според најавите, вежбите ќе траат пет дена.
Северна Кореја ги осуди вежбите, обвинувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп дека сака нуклеарна војна по секоја цена.
Северна Кореја минатата недела тестираше интерконтинентална балистичка ракета којашто има капацитет да погоди цели на тероторијата на САД. Државната телевизија објави дека ракетата „Хвасонг-15“ е најмоќната досега.
Новата проба на Пјонгјанг предизвика остри реакции во САД и осуда од Обединетите Нации и меѓународната заедница.
OhridNews
извор: „Макфакс“