Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус соопшти дека во првата половина на сезоната 2010/11. остварил загуба од 39,5 милиони евра, додека во истиот период минатата сезона е забележан профит од 14,2 милиони евра.


Лошите бизнис резултати се последица од изостанувањето во натпреварувањето во Лигата на шампионите, но и променетиот начин на распределбата на парите од продажбата на телевизиските права. Водството на клубот прогнозира голема загуба до крајот на првенството.

Јувентус се наоѓа на седмото место на табелата и повторно со мали шанси да се квалификува во Лигата на шампионите, пренесува агенцијата Франс прес.

Ohridnews