Најторфејниот италијански клуб Јувентус е подготвен да ја плати потребната сума на име обештетување за крилниот офанзивец од редовите на Тотенхем, Герет Бејл. 

Според италијанските медиуми Јувентус на масата под подготвил понуда која тимот од „Вајт Харт Лејн“ нема да може да ја одбие.


За да се убедат англичаните за велшанецот кој на тлото во Италија, на мечот против Интер ја стекна планетарната слава, според управата на “бјанконерите“ ќе бидат доволни 20 милиони фунти плус напаѓачот Винченцо Јакинта.

Јувентус тврдат медиумитe веќе се договорил со Велшанецот, кој е подготвен да се пресели во Торино за годишна плата од 3,5 милиони фунти плус бонуси.

Ohridnews