Клаудио Раниери не е повеќе тренер на Јувентус. Ваквата одлуката на бордот на Јувентус е објавена на официјланата веб страна на клубот, каде стои дека старата дама во последните две кола ќе ја предводи Чиро Ферара.
Раниери не успеа до крај да ја истера втората сезона на клупата на “бјанко-нерите“. Резултатската криза во која се најде Јуве (57 дена без победа) значеше крај за Раниери .
По враќањето во најелитната Серија А , Јувентус минатата година заврши на второто место и обезбеди пласман во Лигата на Шампиони, додека оваа година ќе завршат трети, а во лигата на шампиони беа елиминирани од Челси во 1/8 финалето.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com