Јувентус ја продолжи победничката мини серија , откако со пресврт усепа да ја победи Џенова со 3-2. Гостите на два пати имаа предност преку Бонучи (автогол) и Флорес, додека “црно-белите“ се враќаа со головите на Роси (автогол) и Пепе. Човекот на одлука беше Лука Тони кој со вториот гол во дресот на Јуве ги зачува шансите на “дамата“ за пласман во Лигата Европа.

Фудбалерите на Наполи одиграа како во транс победувајќи ја Болоња на гостувањето со 2-0. Маскара и Хамшик беа стрелци во големата победа по која наполитанците се изедначија на врвот со Милан.

Ohridnews