Сајтот Јутјуб вовел сопствени музички награди, а Лејди Гага ќе биде изведувач на нивното прво доделување на 3 ноември во Њујорк, кое ќе биде пренесувано во живо преку интернет. Платформата за поставување видео клипови која е во сопственост на Гугл, соопштила дека на Јутјуб музичките награди исто така ќе настапат Еминем и групата Акрејд Фајер. Како што било соопштено, наградите ќе им припаднат на уметниците и песните кои фановите на Јутјуб минатата година ги претвориле во глобални хитови.

Имињата на номинираните ќе бидат објавени на 17 октомври. Домаќин на церемонијата ќе биде актерот Џејсон Шварцман. Во соопштението било наведено дека паралелно со матичната манифестација во Њујорк ќе бидат организирани случувања во Сеул, Москва, Лондон и Бразил. Јутјуб пред неколку години започнал и сопствен филмски фестивал во соработка со режисерот Ридли Скот и неговиот покоен брат Тони Скот.