„Јутјуб“ и натаму е најпосетуваниот онлајн-сервис за прегледување и размена на видео материјали.

Само во минатиот месец страницата ја посетиле над 30 милиони корисници, кои симнале или прегледале околу 2 милијарди видеоснимки.

Со овој резултат „Јутјуб“, портал во сопственост на софтверскиот гигант „Гугл“, се наоѓа далеку пред второпласираните електронски страници на Би-би-си, кои во јануари регистрирале само 7 милиони единствени посети.

ohridnews