Портпаролот на Европската Комисија Мина Андреева на денешната прес конференција во Брисел информираше дека Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот на Република Македонија Никола Груевски, која претходно беше најавена за во четврток.

Според Андреева, во моментов не е соодветно да има средба поради развојот на ситуацијата во Македонија.

OhridNews

извор РСЕ