Јуниорската репрезетација во џудо остана без медал на Балканското првенство “Охрид 2013“. Избраниците на селекторот Александар Ѓоргиоски имаа три шанси за бронзенето одличје, но трите борби претрпеа порази.

Најблиску до финале беше Владимир Стојановски (66 кг), кој победи две борби во низа. Во 1/2 финалето претрпе пораз од Албанецот, Фаркаш Бертала, а без медал остана откако загуби од црногорскиот џудист, Предраг Николајевиќ.

Во борбата за бронзен медал порази доживеаја Никола Велески (60кг)од Денис Ѓураки и Александар Атанасоски (55 кг) од Вукличевиќ Милош.


– Морам да бидам задоволен од настапот на моите избраници. Во натпреварите за бронзениот медал и среќата ни го сврте грбот. По воведувањето на новите правила за настап конкуренцијата е поголема затоа и масовноста беше толку голема на Балканското првенство во Охрид –
рече селекторот на јуниорите, Александар Ѓоргиоски.

Со натпреварите во јуниорската категорија Балканското првенство “Охрид 2013“ заврши, а македонската џудо селекција освои еден бронзен медал. 

Мх.П.