Јуниорот Александар Цветаноски го обели образот на Аероклубот од Охрид на интернационалниот турнир кој викендов што измина се одржа во Прилеп.
Цветаноски во воздупловно моделарство – модели на гума во класа Ф1Б јуниор го освои третото место на „Прилеп Купот“.
Во истата класа следниот ден, но во „Македонија Куп“, 14-годишниот Цветаноски го подобри пласманот и се искачи на второто место на пиедесталот.
Со резултатите и медалите освоени на екстраквалитетниот дводневен турнир младиот охриѓанец избори директно учество на Светското првенство 2016 година кое исто така ќе биде организирано во Прилеп.
Дел од охридскиот клуб во Прилеп беа и сениорите Митко Цветаноски и Климент Масин кои се пласираа во најдобрите десет натпреварувачи.
Аероклубот од Охрид кој веќе три месеци постои на спортската мапа се враќа на старите патеки на кои чекореше во деветдесеттете години.
Ohridnews