Јуниорската женска репрезентација на Македонија ќе настапува во “Ц“ групата на Сп кое од 21 Јули до 3 Август ќе се одржува во Македонија.

Селекторот Новко Ѓорѓиевски и тренерот на репрезентацијата Крсте Петрушевски се одлучија за “Ц“ групата каде уште ќе настапуваат селекциите на Кореја, Хрватска, Бразил и преставникот на Океанија.

Ждрeбката ја водеше нашиот најдобар ракометар и најдобриот европски ракометен голгетер Кирил Лазаров.

Во останатите три групи ќе играат :

„А“ : Романија, Словенија, Унгарија, Германија и Уругвај.
 
„Б“ : Данска, Црна Гора, Казакстан, Ангола и Јапонија
 
„Д“ : Шпанија, Франција, Аргентина, Тајпеј и Алжир.

Пласман во втората фаза обезбедуваат прво пласираните три екипи.

ohridnews