По слободниот викенд јуниорите подготвките за престојното СП кое од 13 до 28 Август ке се игра во Охрид ги продолжија со контролен натпревар во „Билјанини извори“ каде синоќа ги совладаа врсниците од Бугарија со 36:23.

 Денеска ќе се одигра вториот од двата предвидени натпревари против соодветната селекција на Бугарија.

Во меѓувреме продолжуваат и тактичките подготовки. На тренингот на кој присуствуваше екипата на ohridnews,  селекторот Вујовиќ ги воигруваше 5-1 и 6-0 варијантите во одбраната, а посебен акцент беше ставен и на играта во напад и тоа на таканаречен  брз центар.

– Не мора нападот да се заврши за 3 сек ,најбитно е да се најде правото решение – командуваше Вујовиќ.


селекторот Вујовиќ будно го следи тренингот на јуниорите

По одигрувањето контролите со Бугарија во план е да се одиграат уште неколку натпревари со екипите на Вардар и Металург .

М.П.