– Оваа соработка ја планиравме уште минатата година. Се оствари подоцна од планираното, но сепак успешно на задоволство од двете страни. Двете школи ќе ги фузираме како една, а за име сеуште се немаме договорено – истакна координаторот за охридскиот регион, Благоја Ристески.
На турнирот охридските школи поминаа одлично, но она што најмногу ги радуваше фудбалерите беше дружењето со Горан Пандев.
– Нашите членови беа фасцинирани од неговото доаѓање на стадионот. Тој е толку едноставен, смирен и сталожен, а многу успешен во својата професија. Соработката меѓу нас ја навија тој, а ја потврди директорот на академијата Матеничаров. Директорот позитивни импресии за нас собра на завршницата од Детската фудбалска лига која се одигра во Скопје – потенцираше Ристески.
Соединувањето на двете фудбалски школи отвора врати за многу талентирани дечиња кои ќе имаат можност да учествуваат на турнири во соседните држави како и во Италија по директива на Пандев.