Водечкиот тим во генерацијата 2002 година во Детската фудбалска лига, Академија Пандев заедно со генерација од 2004 година ќе патуваат во Скопје да ги одмерат силите со тимот на Работнички.


Школата на „романтичарите“ е една од најдобрите во нашата земја и натпреварите со нив ќе бидат вистински испит за работата на охридската фудбалска школа.

– Ова за децата ќе биде ново и незаборавно искуство. Школата на Работнички е пример за сите нас како треба една фудбалска школа да функционира во нашата земја. Ние како фудбалски работници секогаш гаиме пријателски односи со нашите фудбалски школи во Македонија – рече тренерот на генерацијата 2002 година Наум Јанкуловски, кој е и координатор на Детската фудбалска лига во југозападниот регион.


Фудбалерите од генерацијата 2002 година во досегашните натпреварувања од Детската лига имаат шест победи на исто толку натпревари со гол разлика 32-8 додека избраниците на Горан Ашталкоски имаат скор од четири победи, два порази со гол разлика од 19-8.

Мх.П.