Повеќе од успешно заврши турнирот во Драч ,Албанија на кој триумфираа Јуниорите на Еврофудбал. Задоволни беа со полуфинале, а завршија на прво место .Во конкуренција на 12 екипи од Македонија, Албанија и Косово охриѓани први поминаа на целта.
-Во финалето стигнавме со три максимални победи. Финалето се играше по италијански систем .На првиот натпревар по 0-0 го победивме Пелистер на пенали ,а по победата над Професионал со 2-0 го освоивме првото место – вели тренерот Аце Вељаноски.
охриѓани се „закитија“ со диплома
Како круна на повеќегодишната работа во клубот пристигна освојувањето на првото место во регионот така и триумфот на турнирот во Албанија .Школата не застанува тука и најави учетво на меѓународниот турнир кој во Август во организација на ФК Воска ке се игра на „Грашница“.Во наредната сезона кадетите на Еврофудбал ке се натпреваруваат во Втората лига.
-Со влегување на Охрид во Втората лига нашата школа ќе се приклучи на ФК Охрид и се надевам дека достојно ке го преставуваме градот, вели за ohridnews Вељаноски.
Шенол ги изрешета мрежите на противниците
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Шенол Меди од Еврофудбал .Шенол беше еден од најзабележителните на турнирот постигнувајќи голови на сите натпревари ,негов идол е Кака а се надева дека еден ден ке го облече дресот на Милан.
Мирко Постоловски