Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија со пораз стартуваше на квалификацискиот турнир за пласман на СП првенство кое ќе се одржи во Бразил.


На тридневниот турнир кој се одржува во Остравец македонските јуниори во првиот меч со 22:33 беа поразени од врсниците од Чешка.

Македонија против Чешка одигра добро 40 минути кога Чесите има предност од 19:18, но во последните 20 минути избраниците на селекторот Неделковски постигнаа само четири, а примија 13 голови и запишаа убедлив пораз.

Македонската репрезентација в сабота, во второто коло, ќе игра против Полска.

 

„Макфакс“