Вечерва сите погледи во Премиер Лигата ќе бидат вперени на “Ист Ајландс“ стадионот каде во 12-то коло ќе се сретнат лутите градски ривали Манчестер СитиМанчестер Јунајтед. Големи се очекувањета на фановите на “граѓаните“ кои се “жедни“ за одмазда по трите порази во четирите натпревари во ланската сезона.


Дерби пресметките помеѓу Сити и Јунајтед секогаш носат возбудливи натпревари, во Премиер Лигата “црвените ѓаволи“ ги добија двата натпревари со погодоци во 90-та минута. На Олд Трафорд, Мајкл Овен го реши дербито во петтата минута од судиското продолжение додека во “плавиот“ дел од градот, Пол Сколс со погодок во 90-та минута се погрижи  “црвената“  боја да надвладее во Манчестер.


Менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сир Алекс Фергусон е на голема мака кои единасетмина да истрчаат на градското дерби. Стратегот на “бебињата“ не може да смета на португалецот Нани, бразилскиот репрезентативец Андерсон, легендата во дресот на Јунајтед, Рајан Гигс а на последниот натпревар се повреди и повратникот во првиот тим англичанецот Овен Харгрејвс. Второ пласираниот Манчестер Јунајтед е во одлична серија од 11-ет кола без пораз во Премиер Лигата и е два бода зад лидерот Челси.  


Манчестер Сити е четврти на премиерлигашката табела со три бода заостанување зад соседот, а  пет бодови зад “сините“. Италијанецот Роберто Манчини поради црвениот картон на мечот со ВБА, нема да може да смета на сонародникот “палавиот“ Балотели, а повредени се уште новопечениот репрезентативец Адам Џонсон, големо олеснување за менаџерот е санирањето на повредата на ударната игла во нападот на Сити, поранешниот “ѓавол“ аргентинецот Карлос Тевез.


Двојки 12-то коло: Вест Хем – ВБА, Виган – Ливерпул, Вулверхемтпон – Арсенал, Астон Вила – Блекпул, Челси – Фулам, Њукасл – Блекбурн, Евертон – Болтон.

Табела: Челси 25, Мен Ју 23, Арсенал 20, Мен Сити 20 . . .

Мх.П.