Автомобилот Југо ГВ производ на „Застава“ од Крагуевац наменета за извоз на пазарот во САД се најде меѓу 50-те најлоши автомобили на сите времиња , на листата објавена во угледниот магазин „Тајм“

Листата ја составил Ден Нил добитник на Пулицерова награда за критика во областа на автомобилизмот, а според неговите зборови „Југо ГВ“  е „Мона Лиза на лошите автомобили“. Ова возило на американскиот пазар се појави во 1985 година.

„Интересно,во колата меѓу стандардната опрема имаше и тепих, постоеше и греач на задното стакло-наводно рацете да ви бидат топли додека ја буткате колата“ наведува Нил. Според неговите зборови, моторот знаел да откаже, а „електричниот систем таков каков што бил, брмчел, и се просто се распаѓало“.

Југото на оваа листа се наоѓало во друштво на фордовите модели Т, „ едсел“, „екплорер“ и „екскуржн“, „крајслер империјал“, „лотус елит“ , „трабант“, „Ферари мондијал 8“ , „кадилак симарон“, „масерати битурбо“ и други.  

Ј.М.