Веслачкиот клуб „Југ“ Охрид e победник на Интернационалната Илинденска веслачка регата„ кој викендов се одржа во Охрид.
До севкупната победа охриѓани стигнаа откако освои четири златни медали. Зорица Јованоска и Исабела Димоска во дисциплината дублскул кадетки, Исабела Димоски и Ивана Савиќ во дублскул пионерки, Никола Ѓорески и Филип Трпески во дублскул кадети и Наум Поп Стефанија и Стефан Иваноски во дублскул пионери.
На второто место заврши бугарскиот тим Черпков, додека трето место го подлеија В.К. „Бегеј“ и ВК “ЦСКА“ со две први места.
На регатата учестваа околу 80 – на веслачи/ки од клубови од земјата и странство.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com